Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
СВР Скопје поднела кривична пријава против 18-годишен скопјанец, осомничен за „убиство во обид“.
-СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Д.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид, против А.А.(19) и С.Д.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ и против Д.Д.(32), С.Д.(50), Р.Џ.(21), С.С.(56), А.Д.(25) и А.Д.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во тепачка“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштуваат од МВР, на 16 август 2025 во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што првопријавениот со употреба на дрвен предмет го нападнал третопријавениот и му нанел тешки телесни повреди
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште