Кривични пријави против две лица за неовластено поседување огнено оружје и муниција | ФОТО
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривични пријави против И.Х.(33) и С.А.(23), двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 15.07.2025, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот каде престојува И.Х., а се сопственост на неговиот татко, при што биле пронајдени и одземени пиштол- полуавтоматско огнено оружје „Црвена застава М57“ со калибар 7,62x25mm со две рамки куршуми калибар 7,62x25mm, куршуми калибар 7,65mm и две рамки за муниција со вкупно 50 куршуми од муниција со кал.7,62х39mm.
На 19.07.2025, исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А., при што биле пронајдени и одземени пиштол-полуавтоматско огнено оружје „Reximex TRX9" со калибар 9mm, празна рамка за пиштол, рамка за пиштол со 15 куршуми кал.9mm, задна корица за ракофат на пиштол, алатки за чистење на цевка од пиштол, алатка, наменета за полесно полнење на куршуми во рамка од пиштол, два дела со завртка, наменeта за блокирање на чкрапалото од пиштолот, 36 куршуми калибар 9mm и други предмети.
Од страна на Судија на претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Собранието ја почна 61.та седница, спикерот Гаши зборуваше за процедурата за изборот на народен правобранител
-
Бродот амбуланта и ова лето не функционира
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт