-->
-->
Кулеба: На Путин му останува само една опција, но тој одбива да ја прифати
-->
Наместо да го прифати и признае поразот, Путин фрла се повеќе ресурси во војната, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервју за американското непрофитно Националното јавно радио.
– Ако го погледнам бојното поле и ситуацијата во моментов, мислам дека Путин нема премногу опции. Всушност, мислам дека има само една опција, но не сака да ја прифати. А таа опција е пораз во војната, рече тој.
Според Кулеба, комплексноста и трагедијата на овој момент е тоа што наместо да се соочи со вистината, Путин фрла се повеќе ресурси во борбата, и најважно човечки ресурси, обидувајќи се да победи по секоја цена. Но, тоа нема да се случи, рече тој.
Како што во неколку наврати изјави Кулеба, најкраткиот пат за враќање на мирот и безбедноста во Европа е да ѝ се обезбеди на Украина сето потребно оружје за да може таа да го победи рускиот агресор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од ДУИ одбија да ги коментираат реакците на Филипче и Муцунски
-

Ќе се трошат државните резерви на мазут, за да нема рестрикции на струја
-

Прв состанок на претседателството на ДУИ
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Поскапува струјата - сметките ќе пораснат од 57 до 900 денари
-

Годишно обраќање на претседателката: Кочани тест за судството, без гаранции нема уставни измени за ЕУ
-

Поднесените измени на КЗ ќе ја паузираат расправата во Уставен - Костадиновски не очекува дискусија утре
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
