Лагард: Европа мора да развие сопствена вештачка интелигенција или ризикува да биде отсечена од САД или Кина

Европа мора да развие сопствена технологија за вештачка интелигенција и да изгради центри за податоци за да се одбрани од можноста да биде технолошки изолирана од САД или Кина. Тоа е пораката на претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која истакна дека на континентот му се потребни сопствени ВИ-модели.
Според неа, таквите модели мора да бидат доволно добри за повеќето задачи и работа на домашни центри за податоци. Лагард верува дека ако Европа инвестира во сопствена технологија за вештачка интелигенција, „заканата од прекин ќе ја изгуби својата сила“, објави Гардијан.
Во говорот во Виена, шефицата на ЕЦБ предупреди дека вештачката интелигенција се развива на друго место. Таа наведе податоци за минатата година кои покажаа дека САД произвеле 59 значајни модели, Кина 35, додека Франција и Велика Британија развиле по еден. Покрај тоа, таа истакна дека 75% од светскиот компјутерски капацитет за вештачка интелигенција, обезбеден од центрите за податоци, се наоѓа во САД, а само 5% во Европа.
Лагард верува дека Европа се соочува со тежок избор.
„Или ќе се двоумат да го спроведат тоа бидејќи не можат да ги заштитат своите податоци, со што ќе се откажат од економскиот раст, или брзо ќе ја усвојат вештачката интелигенција, ќе станат исклучително зависни и ќе ризикуваат да ја изгубат слободата да ја организираат својата економија според сопствените вредности“, објасни таа.
МИА
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Николоски: Се бара решение за македонските транспортери
-

Штип го зголемува паркинг капацитетот
-

СДСМ: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, Мицкоски ги загрозува пензиите
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
