Македонија доби 161 милиони евра од ММФ - Може да ги користи или да ги чува како девизни резерви
Македонија доби на располагање 161 милиони евра, пари од ММФ, кои како членка земјава има право да ги користи. Парите денеска ќе бидат вклучени во официјалните девизни резерви, информираат од Народната Банка. Понатаму, согласно специјалните права на влечење, можат да се користат за плаќање стари долгови, за зголемување на квотата во ММФ или за други буџетски потреби. Ако се чуваат како резерви, земјава нема никаков трошок. Но ако се користат за други цели, каматите се исклучително ниски и изнесуваат 0,05%.
Од Министерството за финансии не кажуваат за што ќе се трошат парите. Неофицијално дознаваме дека веќе се испланирани во буџетот. Со нив ќе се покрива буџетскиот дефицит и ќе се финансираат нови проекти. Кои, за сега, не сакаат да откријат.
Инаку целта на распределбата на СПВ е да се обезбеди девизна ликвидност за полесно пребродување на здравствената и еконосмка криза со која се соочува светот. Токму затоа, ова е најголема распределба во историјата, или двојно повисока од сите досегашни распределби заедно. Вкупно 190 земји членки, имаат на располагање 650 милијарди долари или 456 милијарди СПВ. Секоја добива согласно квотата која ја плаќа за членство. Последната повисока распределба беше во 2009 та година, кога им беа ставени на располагање 162 милијарди за земјите членки.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
