Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери

Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање потпишаа Меморандум за разбирање со Експертиза Франција (Expertise France), Француската агенција за развој (AFD) и Амбасадата на Франција во Република Северна Македонија, со што официјално се потврдува заедничката заложба за унапредување на климатската и еколошката правда во земјата.
Меморандумот, инфомрираат од Министерството за правда, ја воспоставува рамката за спроведување на регионалниот проект „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence), чија цел е да го подобри пристапот до правда и да го зајакне учеството на јавноста во прашања поврзани со животната средина во Македонија, Албанија и Црна Гора, во согласност со европските стандарди и законодавството на Европската Унија.
Со потпишувањето на документот, институциите ја потврдуваат својата посветеност на јакнење на владеењето на правото во областа на животната средина, унапредување на институционалните капацитети и поттикнување на поширока вклученост на граѓаните во процесите на носење одлуки што влијаат врз животната средина и климатските политики.
Проектот ќе овозможи техничка поддршка, размена на експертиза, организирање обуки и развој на механизми за подобра примена на принципите на еколошката правда. Во рамките на соработката ќе бидат воспоставени управни и советодавни тела кои ќе обезбедат координирано и транспарентно спроведување на активностите.
Министерството за правда и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе работат заедно со француските институции на унапредување на националните капацитети и приближување на земјата кон европските практики во областа на заштитата на животната средина и пристапот до правда.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
