Македонија
6. February 2026 - 11:11

Малолетник прегазен на булевар во Куманово

На 05.02.2026 година во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булевар „Октомвриска револуција” во Куманово се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „голф” управувано од С.В.(23) удрило во малолетно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, малолетното лице се здобило со повреди констатирани во Општа болница Куманово од каде лицето е префрлено во Ургентен центар „Мајка Тереза” во Скопје.