Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

ССК со предлог - Плаќање по саатнина за поголема продуктивност на работниците
-

Преглед на вестите од светот
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
