Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје
ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, додека за другите општини при крај се анализите и разговорите, и се очекува наредната недела да бидат објавени имињата на кандидатите, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
На новинарско прашање дали наредната недела ќе биде официјализирана неговата кандидатура за градоначалник на Општина Чаир, Меџити кусо одговори дека ќе бидат официјализирани сите кандидатури.
Во врска со коалицирањето во некои општини со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Меџити вели тоа нема да биде ништо ново, бидејќи, како што рече, од деведесеттите до сега секогаш владините партнери се помагале.
– Ништо ново, како од деведесеттите до сега во плурализмот секогаш владините партнери се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партнери ДУИ, Левица, СДСМ очекувам дека ќе се помагаат, рече Меџити по потпишувањето на договорите за проекти финансирани преку инвестициските порограми на Министерството за животна средина и просторно планирање за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон