МЕРМС: Значителен раст во енергетскиот сектор во март 2025 година

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „Енергија“ во март 2025 година бележи значителен раст од 13.8% во однос на истиот месец претходната година, соопшти денеска Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
- Особено позитивен е растот од 12.9% во групата „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, што претставува силен показател за стабилноста и динамиката во енергетскиот сектор. Со усвојувањето на новиот Закон за енергетика, се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и во наредниот период, преку интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на мрежата и развој на батериски системи за складирање на електрична енергија. Законот предвидува јасни механизми за поддршка на енергетски проекти, што ќе придонесе за одржлив раст и долгорочна енергетска сигурност, се наведува во соопштението.
Од МЕРМС истакнуваат дека продолжуваат со спроведување на стратешки политики кои ќе обезбедат сигурно, достапно и чисто снабдување со енергија за сите граѓани и за стопанството. Во периодот што следува, приоритет ќе биде реализацијата на проекти кои значат поголема енергетска независност и стабилност на системот. Новата законска рамка, како што се поосчува, ќе овозможи поинтензивна интеграција на обновливите извори, поефикасно управување со мрежата и поголема заштита на правата на потрошувачите.
Ново на Сител
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
-

Мицкоски: Бугарија бара редефинирање на македонскиот идентитет, да се обединиме со опозицијата против тоа
-

Внатрешна контрола при МВР ќе го истражува осветувањето на полициските возила
-

Клуч на врата за маркетите кои не го почитуваат законот, најави премиерот
-

Белата куќа: И воена силa е опција за завземање на Гренланд
-

Преглед на вестите од светот
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
