МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании

Министерството за финансии информира дека близу 20 милиони евра досега се вратени кон 119 компании, кои во текот на 2023 година уплатиле средства во Буџетот согласно Законот за данок на солидарност.
- Министерсвото за финансии согласно утврдениот модел, од минатата недела започна со исплата на првиот дел од уплатените средства во Буџетот и досега се вратени вкупно 1,219 милијарди денари. Компаниите во текот на 2023 година уплатија во Буџетот 3 милијарди денари согласно усвоеното законско решение во Собранието. По поништување на Законот од страна на Уставниот суд, државата имаше обврска да ги врати средствата. Во рамки на транспарентна постапка, заедно со компаниите беше утврден модел за враќање на средствата во два дела кои што ќе се реализираат во март 2026 и март 2027 година, информира Министерството за финансии.
Повратот на средствата се врши врз основа на доставено барање од страна на компаниите до Управата за јавни приходи.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
-

Родители бараат регионални стоматолошки центри за деца со попреченост
