Мицкоски: Ја консолидиравме државата, ќе ја развиваме да биде таква каква ја посакуваат граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски очекува годишната инфлација да се стабилизра под три проценти и месечен негативен тренд, што, како што посочува е реазултат на водењето политики кои се во интерес на стандардот на граѓаните и на консолидирање на состојбите во државата. Конечно, вели, државата е консолидирана и ќе се развива онаква каква што ја посакуваат граѓаните.
-Како што кажав во неколку наврати оваа година очекувам да се стабилизираме под три проценти со годишната инфлација. Очекувам некој месечен негативен тренд, односно опаѓање споредено со минатата година. Минатата година во јануари месец имавме кошничка, така што очекувам оваа година да се движиме тука некаде околу три проценти. Нешто можеби под или над три проценти, со тоа што ќе имаме негативна тенденција на месечно ниво, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, Општина Карпош.
Вели дека во деновите кои следат ќе имаме објавување на тие параметри и точно ќе се знаат бројките.
-Водииме домаќински политики. Водиме политики кои што се во интерес на стандардот на граѓаните. Така работевме досега во насока на консолидирање на состојбите во државата. Од една хаотична ситуација, распаднат институции, уништен систем, доаѓаме во ситуација да можеме да кажеме дека конечно сме консолидирани. Сега е потребно да ја развиваме Македонија онаква како што ја посакуваат сите граѓани, изјави Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Нема веднаш да се казнува ако се пушат цигари на места каде е забрането – законот ќе се спроведува во фази
-

Нови правила за вработување во здравството
-

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар
