Македонија
23. May 2026 - 14:25

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека денеска остварил телефонски разговор со словенечкиот премиер Јанез Јанша, при што му упатил честитки за изборот и формирањето на новата влада во Словенија.

Во објавата на својот Фејсбук профил, Мицкоски посочува дека на Словенија ѝ посакал стабилност, напредок и успешна работа во периодот што следи. 

Тој истакнува дека во разговорот била потврдена заедничката заложба за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.

- Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани врз меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за нашите граѓани - напиша премиерот Мицкоски во објавата. 

 

МИА