Мицкоски: Раст на индустријата од 7,5% во април, тоа е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее

Растот на индустријата во април е лоша вест за оние кои не сакаат државата да успее, кои создаваат хистерија и паника, шират невистини и манипулираат, вели премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги статистичките податоци за индустријата.
-Се консолидиравме по шокот во март, кога ескалираше кризата во Заливот и се продлабочи енергетската криза. Веќе во април индустријата бележи значителен раст, односно зголемување од околу 7,4 до 7,5 проценти во споредба со истиот месец минатата година, изјави денеска Мицкоски, кој присуствуваше на официјалното отворање на новата фабрика на компанијата „Brainchild“ во индустриската зона Жабени во Битола.
Една од причините зошто има раст на индустријата во април, според премиерот, е и тоа што преку унгарскиот кредит слеани се финансиски средства во домашните компании каде се очекува инвестициите да бидат најмалку двојно поголеми од вложените средства.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
