Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

Министерството за образование на Србија објави дека екипите на Министерството за внатрешни работи извршиле увид во некои од училиштата до кои биле испратени пријави за бомби и дека е утврдено дека сите дојави се лажни.
Во соопштението се наведува дека учениците се вратиле на настава.
„Поради заштита на учениците и вработените, потребно е училиштата веднаш да ја известат полициската управа и да дејствуваат исклучиво во соработка и координација со претставници на Министерството за внатрешни работи.
Министерството за образование апелира да се почитуваат сите усвоени безбедносни процедури и да се избегне ширење паника како и да се наруши редовниот образовен процес и ги повика надлежните институции да ги пронајдат и казнат одговорните.
Министерството за внатрешни работи утрово објави дека е пријавено дека бомби се поставени во вкупно 807 основни и средни училишта на територијата на Србија.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче уверува дека на следни избори ќе ја освојат власта, ВМРО-ДПМНЕ со критики за раководството на СДСМ
-

Јаневска: Нема предвремен распуст поради загадувањето и зголемениот број на болни деца
-

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник
-

Нови можности за работна сила
-

Преглед на вестите од светот
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
