Муцунски со низа билатерални средби на маргините на Генерално собрание на Обединетите нации
Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Ранжел, било изразено задоволство од одличните билатерални односи и партнерството во рамки на НАТО. Била нагласена важноста на европската интеграција и потврдена подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог, трговијата и економската соработка.
Со министрите за надворешни работи на Либан и Соломонските Острови било поздравено воспоставувањето на дипломатските односи и изразена подготвеност за нивно понатамошно унапредување.
- Во рамки на средбата со узбекистанскиот министер, Бахтијор Саидов, бил потпишан Протокол за соработка и консултации меѓу двете министерства, кој ќе претставува основа за унапредување на билатералните односи и политичката соработка, стои во соопштението на МНРиНТ.
Министерот Муцунски се сретнал и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, при што беше потврдена успешната досегашна соработка и разговарано за нејзино понатамошно продлабочување.
МИА
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
-
Хуманитарен пикник на „Алкалоид” - собрани над 1,8 милиони денари кои одат за Црвен Крст
-
Екологистите бараат крај на палењето стрништа и пластика и системски решенија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
11 полицајци од СВР Велес на дисциплинска за случајот со убиената Росица
-
Полицијата денеска со опомени за оние кои со телефон и слушалки поминуваа улица, од утре ќе казнува