MВР: Во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола

Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во возило кое го управувале и поседувале се пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот управувал без возачка дозвола.
-На улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, извршиле контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (19) од Скопје. При контролата било констатирано дека во возилото се превезувала поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија. Како сопственик на возилото бил затекнат Е.Ш. (20) од Скопје, по што двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка - соопшти Министерството.
Од МВР најавуваат дека за непоседување важечка возачка дозвола, против М.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
