МЗ: Пожар во кругот на болницата во Битола, нема штета и повредени
Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ - Битола изби пожар како резултат на запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените.
-Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Интервенцијата траела кратко и била целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки.
Министерсвото за здравство, велат оттаму, континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.
Ново на Сител
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа