На македонското семејно законодавство му се потребни итни реформи, сметаат правните експерти
На македонското семејно законодавство му се потребни итни реформи, бидејќи се немаат случено веќе 25 години, сметаат правните експерти. Правото е жива материја која постојано се менува во зависност од општествените услови. Меѓутоа, кај нас за разлика од останатите европски земји, регуларањето на брачните и семејните односи, немаат приоритет.
-Во Македонија постојат застарени законски решенија. Во законот конкретно е наведено дека детето се доделува на двајцата родители, меѓутоа постои одредба каде што понатаму кажува дека, едниот родител го врши родителското право. Од друга страна, во Р.Македонија во постојните законски решенија не се усогласени со меѓународните документи, коишто ги имаме ратификувано. Овде мислам за Конвенцијата за право на детето, иако ја имаме ратификувно, сепак не е имплементирана во lex specialis, односно, во Законот за семејство, изјави проф. Милица Шутова, Правен факултет-УГД-Штип.
Од овој Закон треба да се црпат правата кои ќе бидат од најдобар интерес за детето, а постојната судска пракса покажува дека тие права со постојните законски решенија не се заштитени.
-Тоа е причина поради која научната мисла сака и треба да придонесе за подобрување во однос на тие законски решенија. Затоа праќаме порака до нашата држава да се отвори едно прашање коешто ќе се однесува на граѓанската материја и ќе се решат одредени прашања-изјави Шутова.
Шутова додава дека реформите треба да започнат уште од самата терминологија, па наместо „родителско право“ да се употребува изразот „родителска одговорност“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар