На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег

Најстудено утрово е на Попова Шапка -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Гевгелија.
Според УХМР, до 08:30 часот се измерени и -2 степена во Лазарополе -1 во Mаврови Анови, 0 во Крива Паланка, 1 во Берово, Kрушево, 2 во Претор, 3 во Охрид, Битола, Прилеп, Пожаране и Виница, 4 во Ѓуриште и Тополчани, 5 во Тетово, 6 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Штип и Струмица, како и 7 степени во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес.
На Попова Шапка во 7 часот висината на снежната покривка била 57 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

„Пулс“ во судница: Кој е виновен за трагедијата во Кочани?
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
