Над илјада загинати по катастрофалниот земјотрес во Авганистан
Од Џалалабад денеска продолжија спасувачките операции со хеликоптери во обид да се стигне до селата во епицентарот на земјотресот што го погоди Авганистан.
Нивна задача е да ги пренесат повредените во регионалната болница во овој источен авганистански град, јави Би-Би-Си.
Според локалното население, многу луѓе сè уште се заробени под урнатините. Во планинскиот терен на Кунар, пристапот по пат до погодените области е тежок дури и во најдобри временски услови. Ќе бидат потребни денови за да се процени целосниот обем на катастрофата.
Талибанската влада апелираше за меѓународна помош. ОН ослободија итни средства, додека Велика Британија вети помош од 1 милион фунти (1,3 милиони долари), нагласувајќи дека парите нема да одат во рацете на Талибанците.
Индија испрати храна и материјали за помош, вклучувајќи шатори. Кина, исто така, вети поддршка.
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди источната авганистанска провинција Кунар, со епицентар на само 27 километри оддалеченост од градот Џалалабад, петти по големина град во земјата.
Бројот на загинати од земјотресот се искачи на над 1.000 луѓе, додека над 3.500 лица се повредени.
Според талибанската влада, некои села се целосно уништени. Оддалеченоста на областите погодени од земјотресот го отежнуваат пребарувањето и спасувањето. Се стравува дека многу луѓе се заробени под урнатините.
МИА
Ново на Сител
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш