Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“

Напаѓачот кој отвори оган во училиште во Грац, Австрија, при што беа убиени 10 лица, го испланирал нападот „до најмал детал“, соопштија денеска полицијата и обвинителството на прес-конференција.
Како што изјави директорот на Криминалистичката служба на Штаерска, Михаел Лонегер, 21-годишниот маж во вторникот во 9:43 часот влегол преку главниот влез на своето поранешно училиште со ранец во кој имал оружје и муниција, се подготвил во тоалетот на третиот кат и за седум минути извршил масакр. Во зградата тогаш имало 350 до 400 ученици.
Напаѓачот користел пиштол „Глок 19“ и пушка со кратка цевка, при што усмртил девет ученици и една наставничка, која ја познавал – му била наставничка пред да го напушти училиштето пред три години откако морал да го повтори десеттиот клас.
Според Лонегер, осомничениот дејствувал претежно на вториот и третиот кат, бил опремен со појас за оружје и слушалки, и пукал дури и во затворена врата за да влезе во училница и да пука врз присутните.
Сите 11 повредени веќе се префрлени од интензивна нега на обични одделенија. Во неговиот дом бил пронајден детален план на нападот. Иако истрагата продолжува, досега нема објаснување за мотивот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
