Бизнис
9. November 2021 - 16:37

НБРМ ја ревидираше стапката за инфлација од 2,2 на 3,1%

Цените и натаму ќе растат, инфлацијата ќе се зголемува, но нема да надмине 3,1%. Народната Банка ги ревидираше априлските проекции за движење на економијата до крајот на годината. Стабилизирање се очекува од наредната, но се ќе зависи од енергетската криза, движење на цените на храната и застојот кај синџирите за снабдување. Состојбата будно се следи, и ако има потреба, централната банка ќе реагира.

Силни притисоци за зголемување има и кај трговскиот дефицит кој ќе достигне 3,8 осто од БДП. Сепак, негативниот ефект ќе го неутрализира порастот на приватните трансфери и подобриот нето извоз. Народната банка очекува и раст на личната потрошувачка, инвестициите, извозот, кредитирањето. Денарот останува стабилен, девизните резерви се високи,, уверува гувернерката,  

Во 2008-та  беа 1,5 милијрди денари, сега изнесуваат 3,6 милијарди евра, додава Бежоска. 

Народната банка очекува годинава да се заврши со раст од 3,9%, а главните ризици се поврзани со пандемијата, нивото на вакцинација, појавата на нови варијанти ковид, растот на цените на храната и енергенсите и затегнување на меѓународните извори за финансирање.