Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
Пиштол и 16 куршуми одзела полицијата од 69 годишен стружанец, кој нелегално ги поседувал. Од лицето било одземено и оружје за кое имал соодветна дозвола, поради поведување управна постапка, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 11 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга од слобода го лишиле Е.Б.(69) од Струга.
- При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „Browing“ со калибар 7,65 милиметри и 16 куршуми, кои нелегално ги поседувал. Воедно, поради предвидено поведување управна постапка, одземени се и 164 куршуми, две ловечки пушки, еден пиштол и едно пневматско оружје, за кои поседувал соодветна дозвола, информира портпаролот Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 396 од кривичниот законик „недозволено изработување, држење и тргување со оружје, муниција или распрскувачки материи“.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола