Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме

Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој е и актуелен заменик претседател на Владата и министер за транспорт, вели дека утрешната лидерска средба е доброволен чин и дека е иницирана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за да се разговара за најкрупните прашања кои во моментот се во политичкиот фокус на државата.
- Мислам дека премиерот и ВМРО-ДПМНЕ покажаа една големина имајќи предвид дека имаме скоро двотретинско мнозинство во Собранието, една крајно комотна позиција која не е условена од било какви преговарања или договарања. Без разлика на тоа, решивме да иницираме лидерска средба за најкрупните прашања кои сметаме дека во моментот се во политичкиот фокус на државата. Ако направам споредба со едни други времиња во кои ВМРО-ДПМНЕ без разлика што беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДСМ, само да се потсетиме како тогаш изгледаше тоа, воопшто не сакаа да комуницираат и се случуваа лидерски средби колку да се случат, изјави вечерва Николоски за централниот дневник на телевизија Сител.
За одвивањето на СДСМ да присуствува на лидерската средба, Николоски вели дека ако СДСМ сама сака да се изолира, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не може ништо да стори.
- Тука има еден чуден момент во јавноста, а тоа е дека СДСМ станува Левица, а Левица станува СДСМ во смисла на тоа дека она што беше симбол на деструкција сега пополека го презема СДСМ. Видете, каков вординг користат, какви соопштенија лошо преведени од српски и после јасните барања по изборите за промена и мислам дека ќе стане јасно од каде доаѓа целата оваа деструкција, истакна Николоски.
Вели дека се подготвени на лидерската средба да разговараат за се и дека нема да отфрлат ниту една тема. - Дали ќе се договориме е комплетно друго прашање, вели Николоски.
Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори, Николоски е категоричен дека парламентарните избори ќе бидат редовни и ќе се одржат во 2028 година.
- Парламентарни избори ќе има во 2028 година. Ако сакаме да има предвремени парламентарни избори, имаме доволен број на пратеници тоа да го изгласаме сами така што ова е една измислена тема која повторно покажува слабост кај СДСМ, смета Николоски.
За барањето за укинување на техничката влада, Николоски вели дека тоа е реална потреба и дека техничката влада го надминала времето и причините поради кои била создадена.
- Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12,5 години од таа политичка криза. Оваа техничка влада го надмина времето и причините поради кои беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа што го прави се уште ова, подвлече Николоски.
Прашан зошто на ова не се согласила ВМРО-ДПМНЕ кога била во опозиција, Николоски рече дека било инцирано од нивна страна, но дека единствената причина зошто не била укината техничката влада бил договорот меѓу СДСМ и ДУИ, за ДУИ добие премиер и тоа се случило. Талат Џафери стана премиер што беше надвор од сите изборни правила и затоа завршија на избори како што завршија, истакна Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
