Николоски: Првата линија од брзата пруга за карго сообраќај ќе ја имаме во 2028 година

Македонија до 2031 година ќе има нова двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата карго линија ќе почне со сообраќај во 2028 година. Започнавме со подготвителни работи на терен, подготовките одат добро, а изградбата ќе започне најдоцна идната есен, истакна во вчерашното гостување во "Само интервју", заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
Потпретседателот на Владата информираше дека интензивно се работи на подготвителните работи и на изработката на студиите за влијание на проектот врз животната средина и екологијата.
“ Во моментов ги работиме сите подготвителни работи. Тоа го работиме со меѓународна поддршка и финансирање на Велика Британија, или популарно наречен УКЕФ. По препорака на УКЕФ одбравме компанија, тоа е Ај-Ер-Ем, која што во моментов ги работи сите потребни технички документи за реализација на Коридорот. Треба да поминат најмалку две сезони во делот на заштита на екологијата, како би се видело какви влијанија би имала во делот на животната средина и се надевам дека доколку се е во ред, некаде јуни/јули ќе можеме да го имаме сето ова завршено и некаде крај на летото, почеток на есента следната година, да ги видиме првите багери на терен. Рокот на завршување ќе биде 5 години, така што се надевам дека 2031 ќе имаме брза, двоколосечна пруга од граница со Србија до граница со Грција, а првата линија која што ќе е карго линија, ќе ја имаме во 2028 год” - потенцираше вицепремиерот Николоски, кој вети целосна транспарентност пред јавноста околу финансирањето на брзата пруга.
Моделот на изградба на пругата е одбран на начин, пругата да биде завршена во предвидениот рок.
“Сметаме дека моделот кој што ние го избравме “проектирање и изградба” е најдобар начин за мали држави како Македонија, кои што имаат мали човечки капацитети и да се одбегнат одлагања и да се одбегнат зголемувања на цена. Ние ќе го врземе завршувањето на проектот, минимум со грејс период, односно не сакаме да се доведеме во ситуација, каква што сега имаме на пример со кинеската ЕКСИМ Банка, да враќаме пари за Охрид-Кичево, а автопатот да не е завршен” , рече Николоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
