Угостителите и туристичките работници бараат промени во рестриктивните мерки
Влез на лица во угостителски објект и со потврда за прележан Ковид до 6 месеци, како и со негативен ПЦР тест, бараат од туристичката комора. Вака скроените мерки, за нив се нејасни и ги доведуваат во заблуда работодавачите, но и опстанокот на цел сектор. Во изминатите 3 дена, гостите им се намалени за 70% и бележат значителeн пад на прометот.
Граѓаните веќе почнале да ги откажуваат закажаните свадби и настани, затоа што не знаат дали сите присутни, вклучувајќи го и персоналот, треба да имаат серификат за вакцинација и кој ќе ги контролира при влез.
Појаснување и допрецизирање на мерките, како и средба со владините преставници бараат и од Стопанската комора. За поддршка на овој сектор, сметаат дека мерката – субвенции за плати треба да продолжи, владата да им дозволи организирање семинари и конференции со негативен ПЦР тест на учесниците, и лицата кои се враќаат во земјава, и ќе приложат негативен тест, да им биде укинат 7-дневниот карантин. Оние кое немаат пари за овој тест, државата да им го плати. Од Владата велат дека сите предлози ќе ги разгледааат на владина седница, по што ќе донесат одлука и ќе ја информираат јавноста.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
