Бизнис
25. August 2021 - 17:02

Угостителите незадоволни и со олеснетите антиковид мерки - Битиќи: Комисијата одлучува за мерките

Неприфатливи се барањата на угостителите за влез на невакцинирани гости  со негативен ПСР тест, ниту пак со прележан ковид до 6 месеци, смета вицепремиерот Битиќи. Повика да бидат разумни, а вчерашната одлука да им се дозволи работа и во затворен простор до 30% , според него, е доволно олеснување за нив.  Мерките се носат по препорака на Комисијата за заразни болести,  Владата ги почитува и спроведува. Но, лично смета дека во одреден  временски период, требало да бидат  поригорозни.

 Знаете дека од самиот почеток, јас сум на страната на угостителите, да им помогнеме. Сепак, треба да имаме разум во одреден временски период. Сметам дека дополнително ПСР тестирање нема да го зголеми бројот на посетители.  Сите се очегледно свесни дека тоа е проблем општ и луѓето не се склони да го трошат своете време во угостителски објекти. Во моментот кога Комисја ќе каже дека е возможно, јас сум прв кој ќе го поддржи тоа, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

За угостителите, новите мерки се уште се нејасни.  Ако е дозволен влез само на вакцинирани –прашуваат зошто само до 30% исполнетост и зошто во објектот да не смеат да се организираат родендени или прослави, кога сите гости се вакцинирани?

Се пожалија на драстично намален промет и слаба посетеност на гостите,  која ќе им се одрази на работењето во иднина. Битиќи  вети – ако е потребно, Владата повторно ќе им помогне.

Инаку, на вчерашната седница, Владата дозволи организирање и одржување спортски натпревари со  присуство на публиката, кулурни настани, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, концерти, семинари, работилноци на затворено до 30% од капацитетот на просторот, а на отворено до 50%, со потврда за вакцинација или за прележан ковид не постар од 45 дена.