Драстично опадна прометот во обложувалниците и казината - Асоцијациите се надеваат на олеснување на мерките
Владините антиковид мерки драстично ги погодија и приредувачите на игри на среќа. Ретко кој влегува во обложувалница или казино. Прометот им е опаднат од 50 до 70% изминативе две недели. Бараат итна помош од Владата, во спротивно, велат, индустријата е пред колапс, со што отказ им се заканува на над 13.000 вработени во овој сектор.
Изземање на мерките против ковид бараат и од казината и автоматите, каде ниту промотивните ваучери не им помагнаа да си ги вратат изгубените играчи. Се за вакцинација на граѓаните, но велат – не може да вакви мерки да се дозволи колапс на цела индустрија.
Намалена посетеност до 60% и преполoвен промет бележат и трговските центри. И покрај тоа што се почитуаат сите мерки од почетокот на пандемијата, како редарска служба, средства за дезинфекција, задолжително носење маска, за нив е нејасно - зошто со негативен ПСР тест да не можат да влезат посетители или со потврда за прележан ковид до 6 месеци.
На опаднат промет се жалат и угостителите. Но, неофицијално, добиле уверување дека наредната недела можно е олабавување на мерките, односно Владата да им дозволи влез со негативен ПСР тест. Од Владата децидни - одлуките ги носи Комисијата за заразни болести, зависно од епидемиолошката слика. Но високите бројки на новозаразени и починатиз за сега не даваат таква можност. Сепак, од понеделник Комисијата повторно ќе разговара и ќе се одлучува за евентуално олабавување на мерките.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
