Loading Video...
Бизнис
29. August 2021 - 16:43

Нема да има олеснување на рестриктивните мерки ниту за угостителите, ниту за другите дејности

Нема олабавување на владините антиковид мерки. Сител, од извори во Министерството за здравство дознава дека до крајот на наредната недела важечките ќе останат на сила, потоа, зависно од епидемилошката слика, можно е и заострување на мерките. Угостителите, менаџерите на трговските центри, обложувалници, побараа Владата да им дозволи влез и со негативен ПЦР тест и прележан Ковид до 6 месеци, поради намалените посетители и приходи. Во спротивно, ќе бараат државата финансики да им помогне. Вицепремиерт Битиќи најави, доколку загубите им се драстични, ќе се најде начин да им се помогне.

Поради големиот број новозаразени, Косово од денеска, со нови, заострени мерки. Се воведува полициски час од 22 до 5 наутро. Школската година ќе почне на 13 ти септември, угостителските објекти во трговските центри нема да работат, а останатите до 22,30, кои ќе даваат услуги само на отворено. Се забранува одржувањето концерти, свадби, веридби и други настани, трудниците се ослободени од работа, задолжително е носење маска во затворено, посебно во јавниот превоз, кој треба да работи со преполовен број патници.

Според премиерот Курти, епидемиолошката состојба ги налага новите мерки.

- Сега, кога ситуацијата се влоши, ние сме должни да преземеме рестриктивни мерки насочени кон што е можно поскоро запирање на растот на бројот на заразени. Должни сме да го одложиме почетокот на новата учебна година, рече Курти.

И соседна Грција од 13ти септември, воведува нови, поригорозни мерки. Влез во затворени објекти како кафулиња, ресторани, спортски сали, трговски центри ќе биде дозволен само за вакцинирани лица и за прележани до 6 месеци.  Задолжителни ќе бидат брзите тестови до 2 пати неделно за невакцинирани вработени во јавниот и приватен сектор и тоа на сопствен трошок, по 10 евра од тест. За влез во автобус, брод, воз или авион задолжителен е негативен тест, не постар од 48 часа. На принуден одмор ќе бидат пратени здравствените работници кои ќе одбијат да се вакцинираат, вклучуваќјќи ги и приватните лекари и фармацевти. За невакцинираните вработени во туризмот, образованието, угостителството, во телевизиите, театрите и музичките продукции, како и за студентите, задолжителни се 2 теста седмично, кои ќе треба сами да ги платат, а цената на еден е 10 евра.