Развоен или не, дали ги опфаќа кризните сектори, каков е буџетот за 2022-ра?
Буџет каде над половина милијарда евра е за плати на администрацијата, не може да биде развоен, особено ако растот на платите не ја следи продуктивноста. Експертите развојна компонента препознаа во зголемените пари за капитални проекти, но загрижува високиот буџетски дефицит од 4,3% или 545 милиони евра, како и јавниот долг од 65,9% од БДП.
-Барем буџетскиот дефицит да се движи околу 3% согласно Мастришките критериуми. Сите очекуваа намалување на дефициот, бидејќи во прашање се доведува фискалната одржливост, односно дали државата ќе може да ги плаќа обврските, изјави универзитетскиот професор Зоран Ивановски.
Дупката во државната каса ќе се финансира со домашно и странско задолжување. Покарј еврообврзница, Владата планира да издаде и развојна, проектна, зелена, како и обврзница индексирана со инфлација. Според Ивановски, последната може да привлече значителен капитал. И да ја мобилизра зголемената ликвидност, која во овој момент е заробена кај депозитите во деловните банки, додава Ивановски.
Ивановски е изненаден што во предлог буџетот нема пари за евентуалниот енергетски шок, кој неминовно ќе дојде после Нова Година.
- Тоа дефинитивно може да има сериозни последици и кај стандардот на граѓаните и кај стапката на раст, затоа што треба да бидеме свесни дека нема инвестиции ако има несигурност кај трошовниот импут, односно трошковниот ефект на енергенсите, вели Ивановски.
Министерот Бесими призна дека земјава се соочува со енергетска криза, но во буџетот пари за ублажување на ударот и помош за МЕПСО, нема. Енергетичарите неколку пати побараа државата да обезбеди средства и да им покрие дел од трошоците, за да можат да набават струја по пониска цена, за да спречат сериозен скок на цената по Нова Година.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
