Директорот на МЕПСО стравува од нови испади во системот, стручната јавност очекува одговорност за случувањата
Вчерашниот пожар во РЕК Битола го вклучи алармот кај енергетските компании. Првиот човек на МЕПСО ги свикал одговорните и Управниот Одбор и до доцна во ноќта се следела состојбата. Среќа е што пожарот се случил во доцните ноќни часовови, па потребите за струјата која се влечела од европската енергетска мрежа не била голема, вели првиот човек на МЕПСО, Рамадани.
-Се влечеше до утринските часови, ама не многу благодарение на топлото време и на увозот кој го прават снабдувачите. Бевме кратки и моментално сме на нула, не влечеме од туѓите мрежи. Се надеваме дека така ќе остане и понатаму. Сега за сега нема простор за паника. Да се надеваме дека ќе остане така, сега за сега ситуацијата во мрежата е стабилна сто посто, изјави Куштрим Рамадани, директор на МЕПСО.
Но, првиот блок на РЕК Битола во моментов работи со преполовен капацитет. Произведува само 120-130 мегавати, вели директорот на МЕПСО. Решение за брзо ќе мора да се најде. Причина за неизвесност и можност за недостиг на струја во престојниот период, според Рамадани е и дотраеноста на енеретеските капацитети, со кои располага земјава.
-Мора да најде знаеме дека нивниот век е изминат, по 40 и повеќе години се стари, веројатноста за испади е голема. На состанокот разговаравме со ЕСМ да обезбеди увоз на електречни енергија за да се задоволат домашните потреби, додава Рамадани.
Енергетските консултанти пак, бараат оставка од првиот човек на РЕК Битола, Ковачевски., обвинувајќи го за непрофесионално раководење сред енергетска крзиа.
-Мојата порака е како што господинот Ковачевски изјави дека ЕСМ како општествена одговорна компанија ќе ги понуди сите количини на тендерот на ЕВН( а имаше можност да понуди и помалку) нека биде општествено одговорен и да си поднесе неотповиклива оставка веднаш. Непрофесионалното раководење на ЕСМ долгорочно не доведе до тука, не може нелагално да превземаме струја од ЕНТСО со месеци, тоа е недозволиво а и енормно скапо, на крај Македонија и граѓаните ќе ги платат милионските фактури во кои се вклучени и пенали, вели за Сител Сања Божиновска , консултант по енергетика
Наредната недела се чекаа прогласување на енергетска криза, но да стасаат и фактурите од Европската енергетска мрежа за октомври. Ако Владата ги плати милионските суми, МЕПСО нема да бара зголемување на цената по Нова година. Но, доколку не им помогнат, неминовно ќе биде покачувањето на сметките за граѓаните.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
