Бизнис
12. November 2021 - 16:45

ССМ пресмета нов раст на потрошувачката кошничка

Трошоците за живот растат, стандардот кај граѓаните опаѓа.  Во октомври на четиричлено семејство му биле потребни 200 денари повеќе во однос на септември за да ги задоволи основните месечни потреби, или според пресметките на Синдикатот 34,584 денари. Од почетокот на година пак, истите работи ги купувал за 1,000 денари помалку. Половина од трошоците се само храна и пијалоци, останатите за домување. Затоа ССМ бара згоемување не само на минимималната, така и на сите останати.

-Во пресметките за потрошувачакта кошнициа ние пресметруваме дека тоа семејство живее во стан од 50 квадрати и не поседува автомобил. Значи ове пари му се за јадење само, поточно за преживување. Затао бараме – зголемување на минималната плата  на 18,000 денари, но и на сите останати, изјави Дарко Димовски, престедател на ССМ.

Цените на прехранбените производи ќе продолжат да растат. Ќе поскапи и струјата. Ги прашавме од министерството за труд уште колку нови социјални случаи се запишале до сега и колку очекуваат наредната година  – но прецизен одговор не добивме.

-Политиките и заложбите на Министерство за труд и социјална политика се насочени кон испорачување на помош и поддршка на граѓаните на кои им е неопходна, со акцент на ранливите категории на граѓани. Земајќи предвид дека пандемијата сеуште трае, продолжуваат воспоставените мерки, велат од таму. 
 
Инаку минатата година бројот на корисници на социјална помош изнесувал 32,500 домаќинста, или нови 5,500 корисници за само една година. Помошта која ја добиваат се движи  4 до 10 илјади денари, а добиваат и дополнителни 1,000 денари за покривање на сметките за струја.