Хуманитарна акција на ученици во Струмица
Средношколците од текстилната струка во училиштето Никола Карев од Струмица предновогодишно во хуманитарна мисија. Часовите по практична настава ги користат за изработка и шиење на постелнина наменета за детското одделение во струмичката болница. Ова не е прва ваква акција на овие ученици, за болницата шијат по трет пат.
Во нивната хумана мисија средношколците поддршка добиваат и повеќе општествено одговорни компании кои им ги обезбедиле дел од материјалите. Нивните професори велат дека преку ваквиот начин на работа учениците во исто време стекнуваат практични знаења, а ја развиваат и нивната општествена одговорност.
Постелнината наменета за болницата не е единственото што го имаат направено учениците од текстилната струка, тие шиеле и за други јавни институции а правеле и униформи за нивните врсници од угостителската струка во училиштето Димитар Влахов.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар