Растот на минималната плата нов удар за компаниите
Влошена ликвидност, намалена профитабилност и висока задолженост. Со поразителни бројки микро и малите фирми ја завршуваат оваа и влегуваат во уште една година, полна со неизвесност и предизвици. Речиси секое второ претпријатие работело со загуба, морало да земе кредит за да ги плати доспеаните обврски, а се зголеми и рокот за палќање, но и за наплата на побарувањата, истакнаа на конфенцијата на Бизнис конфедерацијата. Годинава истите лесно можат да преминат во несолвентни, односно неспособни да си ги платат обврските, затоа што немаат обрт, немаат економска активност.
- Еден од ризиците кои допрва доаѓа е и најавата за згоелмување на минималната плата. Нема никаква економска логика растот на платите, ако не ја следи продуктивноста на трудот. Цехот некој ќе треба да го плати. Дали тоа ќе биде државата, дали граѓаните преку поголеми даноци, вели универзитетскиот професот Борче Тренковски.
Најпогодени од пандемијата биле секторите трговија, транспорт и складирање, индустријата и градежништвото. Антикризните мерки помогнале ударот да биде помал, но ако кризата потрае, а во државата пари за помош веќе нема, голем дел од фирмите наредната година може да стават клуч на врата.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
