Бизнис
30. December 2021 - 19:46

Индустриското производство расте, бројот на работници во индустријата паѓа

Индустриското производство расте, бројот на работници во индустријата паѓа. По неколку месечен пад, статистика објави дека во ноември индустријата пораснала за 4,7 % во споредба со истиот месец лани. Од почетокот на годината пак, до ноември зголемувањето изнесува само 2,1 отсто. Значат ли бројките дека економијата заздравува? Ако се анализираат секторите кои го поттикнаа растот, не. Зголемување има кај енергетиката, преработувачката индустрија, посебно кај производството на прехранбени производи и облека и рударството, додека кај капиталното производство, кој треба да биде двигател на растот,  регистриран е пад. Во ноември скоро 13%. Во исто време, државната статистика регистрира намалување на бројот на работници од 3,6% во ноември, а за 11те месеци скоро 2,3% од вработените во индустријата го загубиле своето работно место.

Најмногу отпушања има токму во секторите каде има пораст на производството – енергија, преработувачка индустрија, нетрајни производи за широка потрошувачка, но и кај капиталните производи.

Според статистичките бројки, минатата година беше најтешка за македонската економија. Индустријата падна за 6,5%, додека годинава, првите 3 квартали падот изнесуваше 5,8 осто. Владата уверува дека кризата полека одминува и приватниот сектор, по двегодишна пандемија, конечно се опоравува.