Државниот трудов инспекторат со полни раце работа на првиот ден недела - неработен ден
Трудовиот инспекторат вчера со полни раце работа. Извршиле 36 контроли низ државата, утврдиле 9 неправилности. Станува збор претежно за угостителски објекти, кои согласно законот за работни односи, смеат да работат, но морало да го пријават бројот на вработени до инспекторатот. Затоа добија само опомена, која треба да ја отстранат во рок од 8 дена. Ако го потворат делото, ќе следуваат санкции.
Работодавачите, кои согласно законот, смеат да работата во недела, еднаш годишно до Трудовиот инспекторат мора да поднесат листа, колку лица ќе бидат ангажирани тој ден. Потоа, инспекциите ќе проверуваат дали толку работници добиле повисока дневница.
Согласно законот за работни односи, над 40 дејности се неопоходни и тие можат да работат во недела. Но за сметка на тоа, ќе мора да исплатат повисока дневница од 50, до 250 отсто. Согалсно законот за трговија пак, продавниците и маркетите ќе можат да работата само во трговсните центри со површина поголема од 8,000 метри квадратни. Според очекувањата на креаторите на законот, со измените се околу 92% од работниците ќе одмараат во недела.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
