Измените во законот за ДДВ каде се зголемува прагот за регистрација на обврзниците од 2 на 3 милиони денари, главен во Собранието
Измените во законот за ДДВ каде се зголемува прагот за регистрација на обврзниците од 2 на 3 милиони денари, главен во Собранието. Требаше да стартува од 1 јануари годинава, а рокот за регистрација на фирмите истекува за 4 дена. До крајот на наделата, собраниска седница за овие измени не е закажана. Сметководителите збунети – бараат прецизни одговори – дали ќе важи ретроактивно и што да прават, како да ги регистрираат обврзниците.
Предвидливост на даночната политика беше главното мото на министерот за финансии Бесими. Од таму велат – измените се доставени уште во декември, нашата обврски заврши. Се додека не стапи на сила, се применува стариот закон.
Според анализата на финансии, од обврзниците кои остваруваат годишен промет до 2 милиони денари, државата собира само 8,7 милиони евра или 2% од вкупната наплата на ДДВ. Затоа тогашната министерка Ангеловска во 2019 го зголеми прагот од 1 на 2 милиони денари – со образолжение дека даночната администрација троши повеќе време за нив, отколку за оние кои придонесуваат со над 70% во наплатата. Се намали и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ на 3 години од тогашните 5. Физичките и правни лица кои минатат година не го надминале прагот, може доброволно да се дерегистрираат од системот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
