Бизнис
9. February 2022 - 16:31

Владата го покрива одложеното плаќање на ЕВН кон ЕСМ

Државата ќе ги чека парите од ЕВН половина година. Вчера ги задолжи државните електрани да склучат анекс на договорот, со кој фактурите за купената струја за декември и јануари, компанијата  ќе ги плати во јули годинава. Дупката која ќе се јави заради неплатените сметки, во касата на ЕСМ ќе ја пополни државата, со 50 милиони евра.

Ние не трансферираме пари за приватна компанија, ние ја помагаме државанат компанија, се со цел да се спречи ценовен шок. Ние ќе креираме модели за да нема раст на цената на струјата, посебно за граѓаните и малите бизниси, изјави Крешник Бектеши, министер за економија

Засега ова е единственоото откажување од пари што го прави државата. Нема да го следи примерот на другите земји со укинување или намалување на ДДВ –то за храна или акциза за горива за да им помогне на граѓаните и другите компании. Министерот Бектеши најави можно органичување на маржата која ја плаќаат трговците од март, кога  ќе заврши мерката - замрзнување на цените на основните прехранбени производи.

 Кај нас веќе е намален данок на додена вредност на 5%, а во сила е мерката замрзнување на цените. Ние носиме автономни мерки, а од 1 март ќе има нови одлуки. Ќе се интервенира кај маржата на трговците, и тоа не само за домашни, туку и за странски производи,  изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Инаку Полска е последната од низата земји која за да спречи ценовен шок времено го укина ДДВ на основните прехранбени производи. Од почетокот на февруари  во наредните 6 месеци  лебот, месото и млечните поизводи ќе се продаваат без давачки кон државата. Ја намали и акцизата  за горивата од 23 на 8 отсто. Во моментов се случува шопинг лудило и од граѓани на соседна Чешка, кои  масовно ги празнат рафтовите по продавниците и   ги полнат резервораите  во Полска. Само за споредба, сега килограм портокали во Полска чини  0,64 евра, додека во Чешка над 2 евра. За литар гориво полјаците плаќаат 1,16 , а чесите 1,49 евра. Локалните чешки продавници веќе најавуваат оргомни загуби од продажбата  и можно затворање на бизнисите.