Бизнис
23. February 2022 - 16:45

Како ограничената маржа ќе влијае на цените?

Органичувањето на маржата само делумно ќе го спречи ценовниот шок за граѓаните. Цените на основните прехранбени производи и натаму ќе растат, но реалната цена нема да ја платат граѓаните, затоа што трговците ќе се откажат од дел од маржата. Според експерите, мерката е популарна, но неодржлива на долг рок, со оглед на  глобалниот пораст на цените на енергенсите.

-Додека ја држите маржата замрзната одреден период, другите трошоци се зголемуваат. Цената на енергенсите ќе расте, транспортните услуги ќе поскапувата. Е сега, како тоа ќе влијае врз нашето стопанство? Заоа велам,, на краток рок е популарна мерката, но долгорочно ќе има покачување на цените, не толку драматично, но сепак ќе има, изјави Абил Бауш, економист.

Од друга страна, трговците тешко дека ќе се откажат од добарта заработка, па можно е да се случи голем дел од поквалитетните странски производи, додека трае мерката, да не ги увезуваат.

-Нашите трговци ќе бараат алтернативни патишта за поголема заработка, што е нормално. Но може да се случи поквалитетните странски производи да не ги увезуваат. Од една страна ќе се поттикне домашното производство, но од друга, голем дел од подобрите произвoди, нема да ни бидат достапни, додава Бауш.

Здружението на трговци пак, не сака да ја коментира одлуката додека не излезе во Службен весник. Велат дека не биле консултирани од страна на власта и затоа во најкус можен рок ќе бараат средба со нив.

Инаку Владата вчера донесе одлука од 1 март до крајот на мај основните прехранбени производи,меќу кои и месото, млекото, сувомеснатите производи, тестинини, но и овошјето и зеленчукот да се продаваат со маржа која не смее да биде повисока од 5%.