Странските компании во земјава чувствуваат последици од кризата
Украинската криза удри и по автомобислата индустрија. Се заканува опасност од целосно запирање на производството и на дел од компаниите кои работат кај нас .Најголемите произвдоители како Порше , Фолсфаген, Форд, Мерцедес, Ауди, Мини, веќе го намалуваат произвооството и ги откажувата нарачките. Системот на добавувачи сирозно е нарушен.. Последиците веќе се чувствуваат и кај нас.
- Нашите клиенти ги намалуваат нарачките и гледаме дека има намалување на обемот на производство,, што значи оптимизирање на работното време, потенцијално намалување на број на смени или пак, дел од вработените ќе треба да користат принуден одмор или да добиваат 70% од платата, изјави Виктор Мизо, престедател на Асоцијата на странски компании со напредно технологии.
Состојбата е алрмантна и треба веднаш да се реагира. Од Германското Здужение бараат да се примени системот како во Германија, односно државата да им помогне со субвенционирање на платите.
- Најважно во овој момент е да не се прекине со произвдоство и да се задржат сите вработени на работа. Во Германија на пример, работниците работат со скратено, односно преполовено работно време, а земаат цела плата, која ја покрива државата, изјави Патрик Мартенс, претседател на Гераманско здружение.
Од владата велат дека ја следат ситуацијата и секогаш се отворени за помош.
- И во услови на коид пандемија, Владата најде начин да им помогне на компаниите. Така што и сега ќе најде начин да им се помогне на оние на кои навистина им треба, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.
Инаку, најгоелм дел од странските коипании кои се лоцирани во зоните прозивдодуваат делови за автомобислката индустрија. Сите заедно вработуваат над 20,000 лица
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
