Мерките носат пониски цени на основните продукти, од полноќ нови цени и на горивата
Од полноќ поевтинуваат горивата. Бензините за 6,5, дизелот за 9 денари. Регулаторната комисија ги објави новите цени, откако вчера Собранието ги изгласа одлуките за намалување на ДДВ-то и помалата акциза. Мерката се носи за да се заштити стандардот на граѓаните, по енормниот скок на нафтата на светските берзи по нападот во Украина. Согласно измените, Регулаторна ја намали и маржата за трговците со нафтени деривати, по што дел од нив се заканија дека ќе престанат да точат нафта. Од Стопанската Комора бараат заедничко решение со Регулаторна, затоа што во моментов набавната цена им била поголема од продажната, со што се доведува во прашање егзистенцијата и понатамошно функционирање на трговците со нафтени деривати.
Од денеска се намалува и ДДВ-то на храната кај дел од поизводите, а основните ќе се продаваат без маржа, односно по набавна цена. Целиот пакет, според владините пресметки ќе чини 400 милиони евра, а ќе се финансира со задолжување дома и од надвор. Планирани се 600 милиони евра, но според песимистичкото сценарио, ќе требаат многу повеќе пари. Министерот Бесими не откри колку. Очекува зголемување на дефициот, и намалување на економскиот раст.
Трговците имаат рок до 17 ти март да ги усогласат фискалните апарати, согласно намалениот данок.
Пакетот антикризни мерки се носи по серијата поскапувања и на храната и на енергенсите, со цел да се спречи ценовен шок кај граѓаните. Сепак, владините претставници велат дека неизвесноста останува и апелираат до граѓаните и стопанството да се однесуваат рационално.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
