Статистика пресмета намалување на невработеноста
Статистиката пресмета пад на невработеноста, но бројот на вработени останува речиси ист. За една година од списокот невработени биле избришани 8.000 граѓани, но бројот на вработени се зголемил за само 178 лица.
Ова, според Организацијата на работодавачи се должи на два фактори – или невработените не се пријавуваат во Агенцијата или пак, работат на црно.
-Точно е дека бројот на невработени се намалил за само 8,032 лица, додека пак бројот на вработени останал ист. Тоа значи дека овие лица или не се пријавуваат во заводот и си ја гледаат иднината надвор од државата или пак работат на црно, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавчи.
Најмногу лица работат во преработувачката индустрија. Ако изминатата година последиците од корона пандемијата силно се чувствуваа, моменталната украинска криза нема големо влијание, но опасност има.
-Руско украиснката криза силно ја погоди автомобилската индустрија. Кај нас нема откажување или намалување на нарачките, од нашиот најголем партнер Германија, така што во моментов не сме погодени. Но се ќе зависи колку долго ќе трае кризата и дали ќе има помош за стопанството, што значи опаснсот постои, додава Ангелов.
Најмногу од невработените се на возраст од 15 до 49 години, најчесто со средно образование. Според полот, потешко до работа доаѓаат мажите отколку жените.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
