Раскинати договорите за обезбедување на општините
После 30 години, Владата одлучи да ги раскине договорите со приватните фирми за обезбедување и да не исплаќа плати за чуварските служби на општинските згради, каде се сместени институциите под ингеренции на локалната и централната власт. На ниво на држава преку ноќ без работа ќе останат околу 300 лица, а конкретно во Штип се 4. Од приватната фирма добиле барање да се потпишат и сами да го откажат договорот за вработување.
-
Плата не сме земале за февруари. Ноќна смена одиме на работа, не ни е платеноНе потпишуваме, ќе тужиме за ова. К-15 не ни платено, на 15-ти ни пушта 100 денари плата. Плата редовна кај нас нема и сега бара да го потпишеме решението и да си одиме. Не потпишуваме, ќе тужиме за ова и за хранарина, за ноќна смена, за се ќе тужиме-изјави Васко Павлов, вработен во чуварска служба.
Штипскиот градоначалник смета дека ова е обид на власта да ги зголеми трошоците на локалните самоуправи, но нема да дозволи општинската зграда да остане без 24 часовно обезбедување.
-
Оставајќи ги овие луѓе без работа, се зголемуваат трошоците коишто општината ќе ги превземе. Ако им е тоа целта, нема да ја постигнат, затоа што општина Штип дефинитивно, по завршувањето на договоротот што овие луѓе го имаат со СЗР ќе ги вработи- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Во зградата на општината сместени се и подрачни единици на одделни министерства, државни инспекторати, Катастар и Централен регистар.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар