Македонија
26. September 2026 - 16:39

Последните случаи на врсничко насилство повторно го вклучија алармот

Последните случаи на врсничко насилство меѓу учениците повторно го вклучија алармот.Булингот и физичкото насилство земаат се поголем замав а загрижува и трендот што сето тоа е се снима и јавно се споделува на социјалните мрежи Младите денес многу често се сведоци на врсничко насилство како во училишните дворови, така и во дигиталниот простор .

Од Црвениот крст од Охрид посочуваат дека преку програмата  Млади лидери создаваат иднина  во која се вклучени ученици  од 14-17 години стручни лица ги учат младите како да се охрабрат гласно да зборуваат и да  се борат против тоа насочувајќи ги кои се вистинските вредности кои треба да се негуваат.

Булингот и насилството кое често пати продолжува бидејќи публиката молчи или реагира со смеење остваат длабоки последици врз менталното здравје и развојот. Добрите познавачи сметаат дека најсилното оружје во борбата со булингот е раното откривање и навремена рекција од сите институции и семејството.