„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда

Под мотото „Нов живот за езерото“ на 31 мај годинава во селото Радожда ќе се одржи четвртата подводна еко акција во организација на нуркачките клубови „Езерски пулс“ и „Скаут“ од Струга.
- Оваа година, на акцијата ќе учествуваат над 120 нуркачи од речиси сите нуркачки клубови од Македонија, како и гости од Србија и Хрватска. Главната цел е чистење на подводниот и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, како и подигнување на јавната свест за заштита на животната средина, соопштија организаторите.
Со иницијативата, нагласуваат, се придонесува кон зачувување на исклучителната вредност на езерото и неговиот екосистем, како и исполнување на обврските за негова долгорочна заштита.
- Особено значење на оваа акција дава фактот што Охридскиот Регион е под заштита на УНЕСКО како светско природно и културно наследство. Еко акцијата претставува значаен регионален настан кој обединува професионалци и ентузијасти со заедничка мисија – зачувување на природните богатства, додаваат организаторите.
Упатуваат повик до сите професионални нуркачи волонтери кои сакаат да се приклучат на акцијата, како и до општествено одговорни компании да ја поддржат иницијативата и да придонесат кон заштита на животната средина.
МИА
Ново на Сител
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
