Бизнис
17. March 2022 - 16:40

Од денеска 0 ДДВ на основните продукти - инспекциите казнија неколку ланци маркети

Речиси 16,000 евра заработи ланецот маркети за нечесно пазарно однесување. Ги условувале купувачите дека ќе добијат еден производ, ако купат останати над одредена сума. Државниот инспекторат, по извршената контрола им изрече казна од по 4,000 евра на трите субјекти од овој ланец  и дополнетелно по 1,200 евра заработи одговорното лице. Заклучно со вчерашниот ден направени се над 200 надзори, а казнети се вкупно 41 субјект. Од нив, 10 со по 7,000 евра

Инспекторатот во контрола и кај трговците на големо, кои согласно законот, треба да ја намалат маржата на 4%. Кај еден ќе следи прекршочна пријава

Инспекторатот во контрола и кај производителите на масло за  јадење. Констратирале дека имаат доволни количини на залихи , па затоа апелираат граѓаните да не паничат – и да не трупаат дома залихи. 

Денеска истече и рокот до кога трговците треба да ги усогласта фискалните каси , кои ќе прикажуаат кои производите се без данок. Минситерот за економија апелира – граѓание да си ги бараат фискалните и да проверуваат  дали основните производи се одлободени од данок.