Од средината на јули до крајот на август најопасен период за шумски пожари во Грција

Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години одговараат на прашањето „Кој е најлошиот период за појава на шумски пожари во Грција?“, посочувајќи дека временските услови во конкретните шест седмици, односно сувата вегетација, високите температури, како и силните ветрови „создаваат поволни услови за брзо ширење на шумските пожари“.
Во анализата биле вклучени 23 големи пожари во кои изгорената површина била над 4.000 хектари,а според податоците, седум од нив биле во последните десет дена од јули односно во периодот од 21 до 31 јули, пет во периодот од 11 до 20 август, по четири во првите десет дена од август и на крајот од истиот месеци и три во средината на јули.
Од Метео додадоа дека постојат и неколку исклучоци од овој период од шест седмици и како пример наведоа неколку големи пожари: кон крајот на јуни во 2007 година, на средината на мај во 2021 година и крајот на септември 2024 година.
– Поради брзото влошување на метеоролошките услови во последните години како последица на климатските промени, сосема е веројатно дека големите шумски пожари ќе се појавуваат сè почесто и порано, но и подоцна во текот на сезоната на пожари, пишува во анализата на Метео.
МИА
Ново на Сител
-

Пред стартот на гроздоберот, лозарите веќе стравуваат од слаба заработка
-

Неопходни се поригорозни казни за несовесните граѓани
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
