Од вечерва треба да проработи вториот блок на РЕК Битола
Вториот блок на РЕК Битола од ноќеска ќе работи со полн капацитет. Пуштачките операции започна утринава и се во тек, а целосно приклучување на мрежата се очекува во текот на ноќта, велат од комбинатот. За третиот блок, каде избувна пожар, ќе треба да се чека до наредната година. Според информациите, поправката ќе трае најмалку една година. Од раководството не добивме прецизен одговор од што избувна пожарот и колкава штета е направена. ВМРО ДПМНЕ денеска го обвинува менаџментот дека знаел, а не презел ништо за да ја спречи хаваријата.
Нна сликата јасно се гледа дека стручните служби во РЕК Битола кои вршеле интерна ревизија на трансформаторот, во запис доставен до раководството на РЕК Битола, предочиле дека постои ризик од пробив на високонапонски проводен изолатор. А, токму ова почитувани е причината за пожарот на трансформаторот: пробив на високонапонскиот проводен изолатор на трансформаторот на Блок 3. Оваа причина и актуелното раководство на ЕЛЕМ ја посочи во официјалното соопштение до јавноста, изјави на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Во меѓувреме, ЕСМ прави пресметки колква количина на јаглен треба да се набави согласно новонастаната состојба. Пари од Владата за дополнителни количини доби. Министерот за финансии информира дека од буџетот се префрлени 65 милиони евра , со кои дел ќе се платат и сметките за струја на европската енергетска мрежа., од каде се влечее изминатиот период. Деновиве, поради топлото време струја не се влече, а фактурата колку до сега ќе треба да се плати, директорот на МЕПСО ја очекува наредната недела. Според проценките, ќе надмине 16 милиони евра, без вклучените казнени пенали по еден милион евра дневно. Сметките за граѓаните пак, после Нова година, поради сите оие случувања и необезбедената енергија навреме, ќе биадт најмалку за 20% повисоки.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
