Одбележани 14 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Пред споменикот на загинатите од големиот пожар кој избувна над Струмица и притоа загинаа четири лица, а десетина беа повредени, денеска беа одбележани 14 години од овој трагичен настан.
Во пожарот животите ги загубија браќата Пено Стојанов и Блажо Стојков од село Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.
- Времето создава дистанца од настаните, но не и од нивното значење. Времето не може да избрише спомен за искрено херојство и жртва. Затоа, денес оддаваме почит на луѓето чии животи останаа трајно поврзани со историјата на нашата Струмица. Пожарите оставаат последици врз природата, семејствата, во заедницата и во сеќавањата. Затоа, секоја година кога се собираме на ова место потсетуваме дека со секоја несреќа секогаш сведочат човечки судбини, рече градоначалникот Петар Јанков.
Цвеќе положоја претставници на семејствата на загинатите, градоначалникот и претставници на Советот на Општината, политички партии и граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
